Палевски: Во СЈО постојат предмети против ДУИ, алатка на Бејли за креирање состојби (ВИДЕО)

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) води неколку предмети кои се директно насочени против високи функционери на ДУИ, коишто сега се сметаат за „големи социјалдемократи“, тврди меѓудругото во интервјуто за ТВ НОВА, Љупчо Палевски, поранешен висок функционер на СДСМ и додава дека токму тие предмети биле „адути“ за изборниот и постизборниот инженеринг по предвремените парламентарни избори.

Во СЈО постојат неколку предмети коишто директно се насочен против високи функционери на ДУИ, коишто сега глумат ‘големи социјалдемократи’, а се членови на ДУИ, како Теута Арифи и Изет Меџити и повеќе други функционери“, тврди Палевски.

Според него овие двајца фунционери и градоначалници се товарат за транспорт на ученици, односно за изборен фалсификат, за што Палевски тврди дека се документирани со истраги и оти постојат и сведоци.

Меѓутоа, овие предмети се држат во фијоки во СЈО, не се поднесуваат кривични пријави, што е главната алатка уотребена за креирањето политички состјби во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.