понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Палевски: Заев го плукаше ДУИ, а сега си ги брои неговите гласови

Истите што Заев ги обвинувал за корупција се дел од неговите 700.000 гласови против режимот. Гласовите на ДУИ се бројат двапати, вели тој во интервју за ТВ Нова.

ljupco-palevski

Последни вести

Веселата математика на Заев е немање стратегија за освојување на власт, коментираше во анализа на ТВ НОВА во четвртокот, поранешниот претседател на скопската градска организација на СДСМ, Љупчо Палевски, во однос на изјавите на СДСМ дека 700.000 гласачи го дале својот глас за нивната коалиција.

„ДУИ за време на предизборието беше квалитетно исплукана од СДСМ, а денеска како аргумент СДСМ ги употребуваат 700-те илјади гласови во кои се вброени и оние на ДУИ. Ова кажува дека Заев нема стратегија и концепт. Истите што ги обвинувал за корупција се дел од неговите 700.000 гласови против режимот. Гласовите на ДУИ се бројат двапати, како гласови за ДУИ и како гласови за СДСМ“, рече Палевски.

Според него, дојдено е времето кога челникот на ДУИ, Али Ахмети, станал државотворен елемент во Македонија и сево ова што се случува е опипување и игра на нерви меѓу двата политички блока кои во моментов немаат политичко решение.

„Проблемот се нивните лидери, односно Никола Груевски и Зоран Заев. Имате лидер кој благодарение на бобите е искомпромитиран како политичар, а од другата страна имате лидер кој не знае како да дојде на власт и покрај таква логистика од Америка, бомби, па и огромно финансиско лоби зад него. Истовремено ги имате СДСМ кои ги загубија изборите со 49 пратеници, и партија која се уште е политички непоразена, како политички субјет“, смета Палевски.

Најчитани вести