Палота е дециден: Стротман не оди никаде

Иако летово на големо се говореше за потенцијален трансфер на Кевин Стротман, особено актуелна беше приказната за негова преселба во Манчестер Јунајтед, сепак претседателот на Рома, Џејмс Палота, во својата последна изјава потенцираше дека Стротман во ниту еден случај нема да го напушти „Олимпико“ во текот на зимскиот преоден рок.

– Стротман во Јунајтед? Тоа едноставно нема да се случи. Им порачувам на медиумите да не пишуваат глупости и да не си ја трошат за џабе својата хартија. Ние немаме никаков интерес за продавање на Стротман, – изјавил претседателот Палота.

strotman povreda

Инаку Кевин Стротман нема настап уште од 9-ти март оваа година кога на дуелот помеѓу Рома и Наполи заработи сериозна повреда на коленото која го одалечи и од Мундијалот во Бразил каде требаше да биде стартер во тимот на Холандија. Во последните седум месеци Стротман работеше напорно на својот камбек до кој би можело да дојде во домашниот дуел од Лигата на шампионите на кој Рома го пречекува Манчестер Сити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.