Памела Андерсон се сликаше гола во заштита на животните

Актерката Памела Андерсон со години е позната како активистка за заштита на правата на животните.

Со цел уште еднаш да протестира против „ужасот на месната и млечната иднустрија“, Памела се соблече гола пред објективот на камерите.

Имено, како што објавија американските медиуми, 47-годишната русокоса „чуварка на плажата“ позираше гола, покриена само со крпа, на фотографија инспирирана од филмот на Хичкок, „Психо“.

Фотогафијата ќе биде искористена за кампања која вклучува и предупреудвање за сушата во Калифорнија што трае веќе четири години.

„Месните и млечните фарми исцрпуваат половина од изворте на вода во земјата. Борбата за животната средина не значи само покусо туширање. Обидете се и со веганство“, се вели во рекламата.

– Реките се исушени, не само за животните, тулу и за посевите кои се посадени за храна на животните на фабричките фарми, вели Андерсон во изјава објавена од интерент страницата на кампањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.