Панама и Мексико се изборија за трето последователно полуфинале

Репрезентациите на Панама и Мексико се изборија за трето последователно полуфинале на Голд Куп
Панама го совлада Тринидад и Тобаго во четвртфиналето

Репрезентациите на Панама и Мексико се изборија за трето последователно полуфинале на фудбалскиот Голд Куп, откако ноќеска во четвртфиналето беа поуспешни од своите ривали.

Панама по изведување пенали го совлада Тринидад и Тобаго со 6:5, откако по 120 минути игра беше 1:1.

Мексико ја совлада Костарика минимално со 1:0 по две одиграни продолженија
Мексико ја совлада Костарика по продолженија

На вториот ноќешен дуел, Мексико со голот на Андрес Гуардадо во последните моменти од второто продолжени ја совлада Костарика со 1:0.

Трето полуфинале по ред ќе играат и САД кои во четвртфиналната фаза беа поуспешни од Куба со 6:0, а листата полуфиналисти ја комплетира Јамајка која го елиминира Хаити.

Двојки за полуфиналето:

САД – Јамајка

Панама – Мексико.