сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

Истекувањето на 11,5 милиони документи од адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ во Панама откри како богатите и моќни луѓе ширум светот ги кријат парите.

„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

Поврзани вести

Милиони документи, кои беа откриени со скандалот „Панамски документи“, ќе бидат достапни за јавноста на 9 мај, соопшти Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари, кој ги распредели документите за анализа меѓу медиумите, што членуваат во него.

– Базата на податоци ќе содржи информација со над 200.000 фирми, компании и фондации, регистрирани во 21 даночен рај – „од Хонгконг до американската држава Невада“, се наведува во извештајот на организацијата со седиште во Вашингтон.

Истекувањето на 11,5 милиони документи од адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ во Панама откри како богатите и моќни луѓе ширум светот ги кријат парите.

„Мосак Фонсека“, една од најдискретните офшор-правни фирми, во период од 40 години им помагала, во услови на целосна неказнивост, на своите клиенти да перат пари и да не плаќаат даноци. Компанијата никогаш не била обвинувана за криминална дејност.

Истечените податоци, наречени „Панамски документи“, се добиени првично од германскиот весник „Зидојче цајтунг“, кој излегува во Минхен. Весникот ги добил од вработен во фирмата, кој предупредил дека го ризикува својот живот, така што неговото име не е споменато.

Околу 370 новинари во 78 земји учествувале во истрагата, која траела околу една година.

Повеќе од 214 илјади офшор-компании се вмешани во финансиските операции во повеќе од 200 држави и територии во целиот свет. Документите се поврзани со најмалку 72 сегашни и поранешни претседатели и 140 други политичари и познати личности со незаконски финансиски трансакции.

Најчитани вести