вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 32

„Панамските документи“ открија слика на Модилјани

Сликата последен пат е изложена во 2005 во њујоршката галерија на семејството Нахмад. Давид Нахмад, по потекло Либанец, е еден од највлијателните трговци со уметнички предмети во светот, пренесе Танјуг.

„Панамските документи“ открија слика на Модилјани

„Панамските документи“ открија слика на Модилјани

Поврзани вести

Слика на Амедео Модиглјани, вредна 25 милиони долари, која нацистите ја одзеле од еврејски сопственици за време на Втората светска војна, запленета е во Женева, благодарение на објавата на „Панамските документи“, објави швајцарскиот печат.

Како што се наведува, откриени се и спорните, сегашни сопственици на сликата.

Весниците „Бунда“ и „Темпса“ наведуваат дека швајцарското државно обвинителство на 8 април издало налог за претрес на добро зачувано депо во женевската бесцаринска зона, каде, меѓу многубројните уметнички дела, е пронајдено и платно „Маж кој седи со стап“, на италиканскиот сликар од еврејско потекло.

Сликата последен пат е изложена во 2005 во њујоршката галерија на семејството Нахмад. Давид Нахмад, по потекло Либанец, е еден од највлијателните трговци со уметнички предмети во светот, пренесе Танјуг.

Пред доаѓањето на нацистите на власт, сликата припаѓала на еврејскиот еврејски трговец со уметнички предмети Оскар Штетинер. Бегајќи пред нацистите во 1939 година, ја оставил во Париз, а една година подоцна нацистите ја понудиле на продажба.

„Зидојче цајтунг“ наведува дека Штетинер во 1946 година по судски пат барал платното да му се врати, но две години подоцна починал, така што случајот е заклучен.

Во 2011, една канадска компанија во име на неговиот внук безуспешно се обидела да дојде до сликата преку американски суд. Тогаш е утврдено дека официјален сопственик на платното е офшор компанијата „International Art Center“, која ја користеле членовите на семејството Нахмад, а „Панамските документи“ тоа го потврдија.

Најчитани вести