Панатинаикос исфрлен од Европа на три сезони

Европската фудбалска федерација УЕФА го исфрли грчкиот великан Панатинаикос на три сезони од европските натпреварувањата откако не успеа да ги исполни финансиските барања и го казни со 100.000 евра.

Грчкиот великан и некогаш еден од побогатите европски клубови се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Падот на атинскиот клуб, кој 20 пати бил шампион на Грција, започна во септември минатата година откако клубот го напушти сопственикот Јанис Алафузос поради личните финансиски проблеми.

Фудбалерите последната плата ја примија во октомври минатата година, а челниците на Грчката лига неодамна на клубот му одзема три бода поради тоа на германскиот играч Јенс Вемер му должи околу 50.000 евра. Тоа е вторпат во кус период да му се одземаат бодови на Пао, бидејќи оваа сезона му беа одземени веќе два бода поради навивачки безредија.

Панатинаикос последен пат беше грчки шампион во 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.