Магазин

Панцероти за појадок и чоколадни ежови за десерт

Панцероти за појадок и чоколадни ежови за десерт

Состојки:

400 мл млеко

200 мл вода

1 лаж. шеќер

1 свеж квасец

200 мл масло

2 лаж. сол

еден килограм брашно

една павлака

200-300 гр. салама

200 гр. шунка

малку кечаб

малку оригано

1 јајце

сусам

Подготовка:

Соединете ги млекото и водата, додадете ги шеќерот па смлачете ја смесата. Потоа ставете го квасецот да стаса. Во сад за месење тесто, ставете го стасаниот квасец, маслото и солта и додадете го брашното и замесете го тестото на меко. Оставете го да стаса 20 минути.За тоа време, павлаката изматете ја со лажица, па додадете ја изренаданата салама, ситно исечканата шунка, малку кечаб, оригано и измешајте.

Од тестото правете кругови со дебелина од 0,5 мм. На секој круг ставете по една лажичка од филот и преклопете ја панцеротата. Краевите затворете ги со виљушка.

Панцеротите наредете ги во тавка и оставете ги да отстојат уште некои 20 мин. Потоа премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Печете ги во рерна на 220 степени додека не поцрвенеат.

ezoviЧОКОЛАДНИ ЕЖОВИ

250 гр. путер

300 гр. бисквити „петит бер“

100 гр. растопена чоколадо

100 гр. шеќер во прав

2 кесички ванилин шеќер

60 гр. рум

100 гр. растопена чоколада

1 лаж. масло

2 лаж растопен путер за мачкање

кокос за декорација за главата на ежовите

сок од лимон за белиот дел

шеќер во прав, по потреба

зелена боја, по потреба за декорирање

Подготовка:

Смелете ги бисквитите, додадете ги путерот, шеќерот, румот, растопената чоколада, ванилиниот шеќер и измесете ја смесата за да стане мека.

Обликувајте 12 топчиња, со прстете извлечете цуцулче и ставете ги во фрижидер за да се стврднат, додека не се растопи чоколадата.

Кога ежињата ќе се стврднат, растопете ја чоколадата во една шолја за кафе и со врвот на цуцулката намачкајте ги во чоколада, исцедете ги и повторно ставете ги во фрижидер.

Потоа, во сок од лимон додадете ги шеќерот во прав, и потоа цело време мешајте додека не се згусне се додека со кеса не може да се истисне белиот дел за окото на ежовите.Во подлабок сад ставете го кокосот. Растопете уште малку путер. Извадете ги ежовите и со четка намачкајте ја главата со масло и ставете го во кокос. Во вреќичка ставете ја смесата од лимон и шеќер во прав, отсечете ја малку и истиснете ги очите. Оставете ги во фрижидер за да се стврднат, а потоа ставете ја зелената боја. Наместо зелена боја можете да ставите точки од растопена чоколада. Држете ги во фрижидер и потоа уживајте.