Панчев: Регионална лига е спас за фудбалот на овие простори

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за босанскиот дневен весник „Аваз“ порача дека е неопходно формирање на регионална лига.

Тој е свесен дека на почетокот ќе има големи проблеми пред се меѓу навивачите, поради заедничкот бурно минатото кое го имаа народите од поранешна Југославија. Сепак, убеден е дека со добра организација натпреварувањето може да се доведе под контрола.

-Единствен спас за фудбалот на овие простори е регионална лига. Сметам дека проблемот со навивачите и дивеењето на стадионите може да се реши со одредени мерки кои веќе се применуваат во Европа, како што е зголемување на обезбедувањето, полицијата. Сето тоа може да се контролира со добра соработка и координација, изјави Панчев, кој додава:

-Таму каде што има опасност од нереди, во првите неколку години мечевите нека се играат без присуство на гостински навивачи. Со текот на времето би се навикнале на една таква лига и тоа за сите нас би било нормално, вели македонската легенда.

Како позитивни примери Панчев ги посочи ракометната СЕХА лига и кошаркарската АБА лига кои веќе со години успешно функционираат.

Доколку не се направи такво нешто, смета Панчев, сите клубови од поранешна Југославија ќе продолжат да се мачат со неквалитетот.