ВИДЕО: Ретка панда роди близначиња во Кина

ВИДЕО: Ретка панда роди близначиња во Кина

Во Кина се претставени последните панди близначки родени преку вештачко оплодување во рамки на напорот да се зголеми бројот на овие загрозени животни кои неофицијално се сметаат за национална маскота на земјата.

Двете женки се уште без крзно и со затворени очи, вчера биле покажани на обожавателите во Ченгдуу.

Нивната мајка, седумгодишната Келин ги донела на свет пандите во понеделникот наутро. Пандата е вештачки оплодена во јануари годинава.

Според последните податоци на свет во дивината живеат 1.864 панди.