Пандев: Арсенал мора да падне во Неапол

Многу поголема е веројатноста дека тимот на македонскиот интернационалец Горан Пандев, Наполи, нема да успее во намерата да обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Сонот на Пандев и на неговата дружина може да стане реалност само доколку вечерва, италијанскиот калчолигаш успее со најмалку три гола разлика да го победи директниот ривал за едно од двете места кои водат во следната рунда, лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
Сега веќе пензионираниот репрезентативец на Македонија пред натпреварот изјави дека за Наполи нема друга опција освен да слави на „Сан Паоло”.

„Нас не не интересираат другите натпревари, најпрвин ние ќе мора да го завршиме сопствениот дел од работата, а тоа е да славиме над Арсенал. Немаме друг избор, „топчиите“ мораат да паднат во Неапол, без оглед на фактот дека станува збор за одличен тим што во моментов е првопласиран во Премиер-лигата. Знаеме што е потребно, ќе изгинеме на теренот и се надевам дека на крајот ќе се радуваме на пласман во осминафиналето од ЛШ“, изјави Пандев.

Иако е во одлична гол серија, три погодоци на последните два првенствени натпревари, Пандев додаде дека е најмалку важно кој ќе се запише во листата на стрелци.
„Рафа Бенитез има голема доверба во мене и тоа ми ја олеснува задачата. Точно е дека со постигнувањето на голови се намалува притисокот врз напаѓачите, но во овој случај најмалку важно е кој ќе се запише меѓу стрелците, најзначајно е да стигнеме до резултат што ќе не одведе во следната фаза од ЛШ“, додаде Пандев.
Денеска на програмата:
ГРУПА Е: Челзи – Стеауа, Шалке – Базел. Табела: Челзи 9, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3 бода.

ГРУПА Ф: Марсеј – Борусија Д,, Наполи – Арсенал. Табела: Арсенал 12, Борусија Д. 9, Наполи 9, Марсеј 0 бодови.

ГРУПА Г: Австрија В. – Зенит, Атлетико М. – Порто. Табела: Атлетико М. 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија В. 2 бода.

ГРУПА Х: Милан – Ајакс, Басрелона – Селтик. Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.