Пандев дециден, повеќе не игра за Македонија

Македонскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Горан Пандев, уште еднаш, но сега за време на ексклузивното интервју кое го даде за „24 Вести“, потврди дека нема да се предомисли и дека останува на ставот дека повеќе нема да го носи репрезентативниот дрес.

„Знаев дека оваа моја одлука ќе наиде на критики од македонската јавност, но подготвен без за тоа. Ова е моја одлука, сигурно за доброто на македонскиот фудбал, за да се поправат многу работи. Како што напоменав и во претходните интервјуа, јас секогаш сум подготвен да помогнам, но оваа одлука е конечна и веќе нема да настапувам за Македонија. Горан Пандев не се откажа сега, оваа одлука ја донесов уште пред неколку години. Едноставно веќе не можев да трпам некои работи што се случуваат. Се надевам дека Македонија ќе има подобри резултати од досегашните“, изјави Пандев за „24 Вести“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.