Спорт

Пандев го развиори македонското знаме

Пандев го развиори македонското знаме

Екипата на Галатасарај на свечена церемонија, на својот стадион ја прослави шампионската титула.

Иако немаше голем удел во освојувањето на шампионскиот пехар, сепак и Горан Пандев може да се пофали дека станал шампион на Турција. Тој со развиорено знаме ја прослави својата нова титула.

pandev zname2

Претходно, најдобриот македонски фудбалер има освоено шампионска титула во Италија и тоа со екипата на Интер, во сезоната 2009/2010.

Пандев на 3-ти јуни има можност со Галатасарај да ја освои двојната круна, бидејќи во финалето во Купот на Турција игра против Бурсаспор.

По овој меч, Македонецот се враќа во Италија каде потпиша двегодишен договор со тимот на Џенова.