Спорт

Пандев и Наполи на мегдан против Свонси

Пандев и Наполи на мегдан против Свонси

Италијанскиот калчолигаш Наполи, чиj дрес со успех го носи македонскиот интернационалец, Горан Пандев, го доби англискиот премиерлигаш Свонси, за противник во 1/16 финалната рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Доколку биде елиминиран англискиот претставник, популарните „азури”, во следната, 1/8 финална рунда за противник ќе го добијат подобриот од дуелот помеѓу претставниците на Португалија и Германија, Порто и Ајнтрахт од Франкфурт.
Првите натпревари ќе се одиграат на 20 февруари, а реванш дуелите се закажани за 27 февруари.

Двојки за 1/16 финална рунда: Днипро – Тотенхем, Бетис – Рубин, Свонси – Наполи, Јувентус – Трабзонспор, Марибор – Севилја, Викторија П. – Шахтјор Д., Чероморец – Лион, Лацио – Лудогорец, Есбјерг – Фиорентина, Ајакс – Салцбург, Макаби ТА – Базел, Порто – Ајнтрахт Ф., Анжи – Генк, Динамо К. – Валенсија, ПАОК – Бенфика, Либерец – АЗ Алкмар