Пандев и официјално се сели во Турција

Горан Пандев во следните две сезони ќе го носи дресот на Галатасарај и ќе настапува во Турција, пренесува “Македонски спорт”, неколку минути по потпишувањето на договорот.

– Продолжувам во Галатасарај. Чест ми е што ќе играм во овој голем клуб и ќе имам можност да играм во Лигата на шампионите. Не можев повеќе да издржам таму. Затоа си заминав. Галатасарај за мене е нов предизвик“ истакнал Пандев.

Турција е конечната дестинација за Пандев, и покрај шпекулациите за заминување во Франција и Англија и можното останување во Италија во екипата на Милан

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.