Пандев – Ибраими 1:0

По пауза од пет месеци, поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев постигна погодок во италијанската Серија А, а неговиот тим, Наполи, забележа убедлива победа од 3:0 во првенствениот дуел против гостинската екипа на Калјари.

Нова шанса да биде дел од првиот тим на Калјари, доби актуелниот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими кој поради тактички причини беше заменет во 55 минута од натпреварот.

Неговиот пораешен репрезентативен колега, запиша одличен настап во 75 минута во која беше заменет од хрватскиот интернационалец, Јосип Радошевиќ.

Претходно, во Фиренца беше одигран претпоследниот натпревар од 36. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Фиорентина и Сасуоло, а истиот заврши со минимален триумф на гостинот од 4:3.

 
.