Пандев ќе биде продаден на Саутемптон

Познатиот спортски весник во Италија, “Тутоспорт”, ја пласираше информацијата дека поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на англискиот премиерлигаш Саутемптон.

Македонскиот интернационалец треба да биде дел од веќе најавениот трансфер на францускиот интернационалец, Морган Шнајдерлинг кој важи за најголема желба на актуелниот тренер на Наполи, Рафа Бенитез.

Освен паричната понуда за 24-годишниот играч за врска, која нема да биде помала од 11 мил. фунти, сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е подготвен во понудата да ги вметне и услугите на Горан Пандев.

Доколку се пресели во редовите на Саутемптон, Пандев ќе добие шанса да соработува со новиот менаџер на “светците”, легендарниот репрезентативец на Холандија, Роналд Куман.