Спорт

Пандев ќе добие уште поголема конкуренција

Пандев ќе добие уште поголема конкуренција

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез, откри дека до крајот на оваа недела, сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лаурентис, ќе купи ново квалитетно засилување.

„Убеден сум дека нашиот претседател во текот на оваа недела ќе купи ново квалитетно засилување. Убеден сум и тоа 100%. Ми вети и јас знам дека ќе го исполни тоа ветување. Нема да кажам за кој фудбалер станува збор, не сакам да зборам за фудбалери кои се уште не го носат дресот на Наполи. Тешко е да се најде квалитетен фудбалер за време на зимскиот преоден рок, но јас сум убеден дека нашиот претседател ќе ангажира едно или две квалитетни засилувања до крајот на оваа недела”, изјави трофејниот шпански стручњак.