Пандев ќе го носи бројот 19

Финализирајќи со комплетниот трансфер Галатасарај попладнево официјално го промовираше Горан Пандев во својот дрес, и нормално за него веќе препознатливата „19“!

„Дојдов во Галатасарај затоа што сум желен за нови титули. Досега сум ја почувствувал моќта на големите градски дерби дуели Рома – Лацио и Интер – Милан, а сега сакам да бидам дел и од еден од најпрепознатливите ривалитети на Стариот континент меѓу Галатсарај и Фенербахче“ – истакна меѓу другото Пандев на денешната презентација пред турските медиуми.

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.