Пандев ќе го облече дресот на Рома

Карло Палавичино, агентот на македонскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Горан Пандев, откри дека нашиот интернационалец има проблем со трофејниот шпански стручњак, Рафа Бенитез.

“Пандев сака да остане во Неапол. Си има убав живот, ужива во градот, има совршен однос со најверните фанови на Наполи. Пандев има проблем со тренерот на Наполи, Рафа Бенитез. Под негово водство Горан одигра голем број на натпревари, но имаше многу мала минутажа. Тоа е доволен доказ дека Пандев нема статус на стандарден првотимец. Се надеваме дека во новата клупска сезона ќе има подобра соработка на таа реалација. Пандев сака станус на стандарден првотимец и статус на лидер. Дали има понуди од некој друг клуб? Сега е рано да збориме на таа тема, но можам да потврдам дека Македонецот е желба на неколку клубови, од Италија и од странство. Можам да потврдам дека спортскиот директот на Рома, Валтер Сабатини е голем фан на Пандев уште од времето кога Горан го носеше дресот на Лацио”, изјави Палавичино.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.