Пандев ќе проба да ја начне и мрежата на Фиорентина

Уште еден сигурен триумф од 2:0, но сега на гостувањето во Верона, каде за противник го имаа тимот на Киево, оставрија фудбалерите на Рома и на тој начин за зачуваа втората позиција на табелата.
Три бода на своето конто запишаа фудбалерите на Торино кои со 3:1 славеа во првенствениот дуел против екипата на Ливорно.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание и најголема неизвесност треба да понуди дуелот на “Сан Паоло”, пресметката помеѓу третопласираниот Наполи и четвропласиранат Фиорентина.

Најголемото разочарување во актуелната сезона, тимот на Милан ќе се обиде да оствари позитивен резултат во дуелот со секогаш незгодниот тим на Лацио, а екипата на Катанија не би требало да биде некоја посериозна пречка за актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на Јувентус.
Денеска на програмата: Парма – Џенова, Болоња – Калјари, Интер – Аталанта, Катанија – Јувентус, Лацио – Милан, Наполи – Фиорентина, Сампдорија – Верона, Удинезе – Саусоло.