Пандев конечно погоди, Хамзаоглу допрва го очекува најдоброто од него

Македонскиот интернационалец во редовите на Галатасарај, Горан Пандев конечно го прекина постот и постигна погодок за својата екипа.

На мечот против Балкова Беледијеспор во рамките на Купот на Турција, Пандев постигна хет-трик уште во првото полувреме, а неговиот тим славеше со убедливи 1:9.

Веднаш по натпреварот, новиот тренер на славниот турски клуб, Хамза Хамзаоглу, изјави дека Пандев полека се враќа во форма.

“Нема сомнеж дека Пандев е квалитетен фудбалер. Но, не можам да кажам дека во моментов е најдобро физички подготвен. Неговото издание на последниот натпревар јасно покажа за каков играч се работи. Тој изминатиов период напорно работеше, полека навлегува во ритам, но не е на ниво на физичка подготовка на кое ние сакаме и кое ќе му овозможи да биде беспрекорен на теренот” – вели Хамзаоглу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.