Пандев: Лотито кажа многу лаги за мене

Среќен сум за голот, а особено и за натпреварот. Мило ми е што се врати Јуриќ. Важно е за мене што дадов гол, а прославата беше упатена кон раководството на тимот, односно претседателот Лотито кој кажа многу лаги за мене. Во Лацио поминав неколку убави сезони, но, сега сум во Џенова и сакам да останам тука, изјави Пандев.