Пандев на излезната, Ајев на влезната врата од Сан Паоло

Првиот напаѓач на францускиот прволигаш Олимпик од Марсеј, Андре Ајев, откри дека пред неколку дена добил примамлива понуда од сопственикот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис.

„Да, точна е информацијата дека добив понуда од Наполи. Разговарав и со мојот агент, кој ми потврди дека и на неговата адреса пристигнала понудата на италијанскиот клуб. Се уште не сум донел некаква одлука. Јас имам договор со Олимпик од Марсеј до 2015 година и не можам да кажам дека не ми е убаво на “Велодром”. Не сум разговарал со клупските челници на францускиот клуб. Во овој момент не знам каква ќе биде мојата иднина. Поконкретна информација ќе добиете кога ќе заврши Мундијалот во Бразил”, изјави репрезентативецот на Сенегал.