Спорт

Пандев на клупа, Наполи на колена

Пандев на клупа, Наполи на колена

Пет погодоци, три во гостинската и два во домашната мрежа, беа постигнати на првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија, помеѓу екипите на Рома и Наполи.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, целиот натпревар го преседе на клупата за резервни фудбалери, а најзаслужен за минимална предност на римската „волчица”, е летната аквизиција, Жервињо, кој одигра одлично во сите 90 минути сосема заслужено двапати го матираше голманот на Наполи, Пепе Реина.

„Имавме добра реакција после убедливиот пораз во Бергамо. Не ми се допадна тоа што имавме негатива од два гола на полувремето, а единствената позитивна вест е таа дека постигнавме два гола на ’Олимпико’. Јас сум убеден и верувам дека можем да славиме на реванш дуелот на ’Сан Паоло’“, изјави по натпреварот тренерот на Наполи, Рафа Бенитез.