Спорт

Пандев: Начинот на кој славев е порака до Лотито

Пандев: Начинот на кој славев е порака до Лотито

Напаѓачот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Горан Пандев експресно им одговори на италијанските медиуми кои дигнаа голема прашина околу тоа како нашиот интернационалец го прославил погодокот кој го постигна на првенствениот натпревар против неговиот поранешен клуб Лацио.

Пандев веднаш откри дека пораката е наменета само за претседателот на “светлосините”, Клаудио Лотито, со кој е во отворен вербален конфликт уште од времето кога настапуваше на “Олимпико”.

„Да бидам јасен. Немам ништо против навивачите на Лацио. Го сакам овој клуб затоа што минав прекрасни години во Рим. Но, сите знаат дека и тоа како имам против претседателот на клубот, Клаудио Лотито. Начинот на кој славев е само порака до таа иста личност, ништо повеќе. А, на Лацио секако секогаш ќе му бидам благодарен“, изјави Пандев.