Пандев не е физички подготвен за да игра

Македонскот интернационалец Горан Пандев од трибините го проследи синоќешниот меч помеѓу Галатасарај и Сиваспор на кој славеше неговиот тим со 2:1.

Турскиот гигант Галатасарај конечно ја забележа втората победа во првенството, откако на домашен терен славеше со 2:1 против Сиваспор. Стрелци на головите беа Шедју и Јилмаз, а македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој во Истанбул дојде како големо засилување, го немаше во составот.

Македонецот не беше ниту на клупата за резервни фудбалери, напротив мечот го проследи од трибините.

Турските медиуми објавија дека причината поради која Пандев не беше во составот е слабата физичка подготвеност. Тој слабо се движел на мечевите, со топка и без неа и покажувал замор, па поради тоа Прандели одлучил да го изостави од тимот за дуелот со Сиваспор.

Горан Пандев од Наполи се пресели во Галатасарај на почетокот на сезоната и во Истанбул пристигна како големо засилување. Сепак, во турското првенство на теренот помина само 25 минути, односно во игра влезе на два натпревари од клупата за резервни фудбалери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.