Пандев не го начна Интер, Ибраими ја напаѓа Парма

Без победник и без погодоци заврши саботниот дерби натпревар од 35. коло во италијанската Серија А, дуелот на “Џузепе Меаца” помеѓу екипите на Интер и Наполи.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев ги одигра последните неколку минути од натпреварот, а незгодна повреда во 86 минута заработи аргентинскиот интернационалец од редовите на Наполи, Гонзало Игуаин.
Пред овој натпревар се одигра дуелот помеѓу екипите на Болоња и Фиорентина, а истиот заврши со убедлив триумф на “виолетовите” од 3:0.

Репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими повторно ќе добие шанса да биде дел од почетниот состав, а неговиот тим Калјари ќе се обиде да забележи позитивен резултат во денешниот првенствен дуел против екипата на Парма.
Денеска на програмата: Верона – Катанија, Калјари – Парма, Ливорно – Лацио, Сампдорија – Киево, Торино – Удинезе, Аталанта – Џенова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.