Пандев од резервната клупа ќе го следи дуелот против Свонси

Денеска ќе се одиграат реваш 1/16 финалните натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Меѓу поинтересните дуели ќе биде тој на “Сан Паоло”, каде италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во дуелот против англискиот премиерлигаш Свонси.

Првата пресметка на Островот заврши без погодоци, а голема е веројатноста дека и овој натпревар од клупата за резервни фудбалери ќе го стартува поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Многу потешка задача ќе има лондонскиот премиерлигаш Тотенхем кој има обврска прво да ја неутрализира минималната предност која ја има украинскиот претставник Днипро.

Денеска на програмата: Рубин – Бетис (1:1 прв натпревар), Базел – Макаби (0:0), Ајнтрахт Ф. – Порто (2:2), Лудогорец – Лацио (1:0), Наполи – Свонси (0:0), Салцбург – Ајакс (3:0), Севилја – Марибор (2:2), Шахтјор – Виторија П. (1:1), АЗ Алкмар – Либерец (1:0), Бенфика – ПАОК (1:0), Фиорентина – Ејсберг (3:1), Генк – Анжи (0:0), Лион – Черноморец (0:0), Тотенхем – Днипро (0:1), Трабзон – Јувентус (0:2), Валенсија – Динамо К. (2:0).