Пандев: Овие мундијалски квалификации се последни за мене

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев најави дека квалификациите за Светското првенство во 2018 година ќе бидат последни за него во репрезентацијата.

Во разговор за италијанските медиуми 35-годишниот фудбалер, изјави дека овие претстојни натпревари ќе бидат последни за него и се надева дека од репрезентативниот дрес нема да се прости со последно место во групата.

Имаме група на млади фудбалери, кои остварија лоши резултати во квалификациите за Европското првенство. Сакам да помогнам во квалификациите за СП 2018. Тие за мене ќе бидат последни. Во група сме со Италија и Шпанија, се надевам дека нема да завршиме на дното, изјави Пандев за италијанските медиуми.

За потсетување, Пандев веќе еднаш се пензионираше од националниот дрес по завршувањето на мундијалските квалификации за Бразил 2014, но селекторот Игор Ангеловски успеа да го убеди да се врати и да им помогне на помладите фудбалери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.