Спорт

Пандев повторно прецизен во Купот на Турција

Пандев повторно прецизен во Купот на Турција

Горан Пандев повторно стрелаше за екипата на Галатасарај, и повторно во Купот на Турција.

Нашиот интернационалец како да се специјализираше за постигнување погодоци на натпреварите од турскиот фудбалски куп, па синоќа погоди против Балчова, натпревар кој Галатасарај го доби со 3:1.

Пандев со глава погоди во 74-тата минута по еден центаршут од десната страна поставувајќи го конечниот резултат од 3:1, а една минута подоцна беше изваден од игра. Ова е петти гол на Пандев во Купот на Турција и заедно со Озкан и Вебо го делат првото место на листата на стрелците.