Пандев сака да ја скине и мрежата на Интер

Неделните натпревари од 16. коло во италијанската Серија А, ќе поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу екипите на Наполи и Интер.
Пензионираниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев ќе се обиде да ја продолжи голгетерската серија во дуелот со неговиот поранешен клуб.
Дуелот на “Сан Паоло” ќе помине и во знакот на поранешниот тренер на Наполи, а сега предводник на “нероазурите”, Валтер Маѕари.
Новајлијата во елитното друштво, тимот на Сасуоло не би треба да биде некоја посериозна пречка за актуелниот шампион на Италија, Јувентус, кој со убедлива победа ќе се обиде да ја заборави непријатната елиминација од Лигата на шампиони.
Денеска на програмата: Киево – Сампдорија, Фиорентина – Болоња, Џенова – Аталанта, Лацио – Ливорно, Парма – Калјари, Удинезе – Торино, Јувентус – Сасуоло, Наполи – Интер.