Спорт

Пандев се полакоми и промаши пенал

Пандев се полакоми и промаши пенал

Фудбалерите на Наполи ја оправдаа фаворитската улога во неделниот дерби натпревар од 16. коло во италијанската Серија А и сосема заслужено со 4:2 го победија директниот ривал за третата позиција на табелата, тимот на Наполи.

Сега веќе, пенизонираниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, ги одигра само послените неколку минути од натпреварот, а веднаш откако влезе во игра изнуди удар од белата точка, но истиот не го претвори бво нов погодок за Наполи.

„Пред самиот старт на натпреварот, се одлучив за напаѓачкото трио Инсиње-Каљехон-Игуаин. Сите тројца ја добија потребната слобода, можеа да играт на било која позиција. Добија само едно задолжение, да им помагаат на дефанзивците. Нормално дека има место за напредок, а јас сакам да имаме уште поголема контрола врз топката. Пред да биде изведен пеналот, му кажав на Маџо дека истиот треба да го изведе Инсиње. Сепак, Пандев беше побрз од мене, а мојот совет не стигна до Инсиње”, изјави трофејниот шпански стручњак.

Резултати: Киево – Сампдорија 0:1, Фиорентина – Болоња 3:0, Џенова – Аталанта 1:1, Лаци – Ливорно 2:0, Парма – Калјари 0:0, Удинезе – Торино 0:2, Јувентус – Сасуоло 4:0, Наполи – Интер 4:2.