Пандев се сели во Торино

Поранешниот репрезентативец на Македонија и член на турски Галатасарај по се изгледа повторно ќе се врати на Апенинскиот полуостров.

Според турските медиуми, веќе е постигнат договор помеѓу Галатасарај и Торино, според кој Пандев уште во зимскиот преоден рок ќе се пресели на шестмесечна позајмица во Италија.

Како можни дестинации се споменуваа и Фиорентина и Сампдорија, но најверојатно Торино е клубот во кој Пандев ќе се обиде да ја врати старата форма.

Тој досега во Италија има настапувано за Интер, Специа, Анкона, Лацио и Наполи, а ако се оствари овој трансфер тоа ќе биде шести клуб за Пандев во Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.