недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Пандев се враќа во репрезентацијата

По нешто повеќе од двегодишна пауза, од квалификациите за Мундијалот во Бразил, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев повторно ќе се појави во репрезентацијата на престојниот пријателски двомеч со Словенија и Бугарија, пишува Вест.

sredba so pandev

Поврзани вести

По нешто повеќе од двегодишна пауза, од квалификациите за Мундијалот во Бразил, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев повторно ќе се појави во репрезентацијата на престојниот пријателски двомеч со Словенија и Бугарија, пишува Вест.

Селекторот Игор Ангеловски, најави дека по дисциплинската пријава поради кавгата со Даниел Георгиевски, втора шанса ќе добие и Адис Јаховиќ, а на голманската позиција повратник е Мартин Богатинов. По залечување на повредата во нападот се враќа Јован Костовски.

Собирот на селекцијата за мечот со Словенија е во понеделник во Порторож. Дуелот со Словенците е в среда од 18 часот, во Копар, додека шест дена подоцна, од 19 часот,  на „Филип Втори” е натпреварот со Бугарија.

Најчитани вести