Пандев се враќа во Италија, следна дестинација – Џенова

Според некои италијански медиуми, македонскиот интернационалец Горан Пандев дал зелено светло за трансфер во калчолигашот Џенова.

По само половина сезона во турскиот гигант Галатасарај, тој ќе се врати во италијанската Серија А, каде со успех ги бранеше боите на Лацио, Интер и Наполи.

Инаку договорот со Џенова треба да биде потпишан во текот на денот, а ќе се официјализира на 5 јануари, кога ќе започне зимскиот преоден рок во Италија.

“Пандев се согласи да дојде во Џенова. Клубовите би требало да одржат состанок во текот на денешниот ден, а доколку биде постигнат договор Пандев веднаш ќе потпише на 18 месеци, со можност за дополнителна соработка од уште една сезона”, најави “Ла Република”.

1024663_9bea11170c94c52ae535fa3c830f67b0

Според најавите Галатасарај нема да прави никакви проблеми за Пандев да си оди, а тоа го најави и тренерот Хамза Хамзаоглу неодамна. Во изминатиот период, се најавуваше трансфер на Пандев во Торино, Сампдорија, Фиорентина и Евертон, но сепак нашиот најдобар фудбалер ќе заврши во одличната сезонава Џенова.