Пандев си заминува: Наполи не го пријави за ЛШ

Друловиќ со нов обид да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата

Италијанскиот калчолигаш Наполи дефинитивно не смета на македонскиот интернационалец Горан Пандев за претстојната сезона, со оглед дека не го пријави за настап во квалификацискиот дуел за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите против шпанскиот претставник Атлетик Билбао. Мечевите се на програмата на 19 и на 27 август, а тренерот Рафаел Бенитез одлучи да не ги пријави Пандев и Фернандез.

Ова е само уште една потврда дека Горан Пандев многу брзо ќе го напушти „Сан Паоло“ и претстојната сезона ќе ја дочека во нов дрес. Во опција е Милан, се водеа преговори и со Фиорентина, а меѓу заинтересираните клубови е и турскиот Галатасарај.

Пандев вчера остана на клупата на Наполи и на пријателскиот натпревар против Пари Сен Жермен (1-2) иако Рафаел Бенитез искористи дури десет замени на овој меч.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.