Пандов: Целта на Заев е меѓумакедонски судир

Аналитичарот Александар Пандов во Крива Паланка каде се одржа трибината на ГДОМ посочи дека луѓето знаат што се случува, дека Македонија е под напад на домашни предавници во соработка со странски служби, помогнати од соросовите медиуми.

– Факт е дека еден од осомничените дал изјава и истата ја потпишал дека по наредба на Верушевски за пари прислушкувале. Верушевски го правел тоа за странски служби наоѓајќи човек во ликот на Зоран Заев  за да го објави во јавноста со цел да ги закрви Македонците. Најлошто што може да се случи, а тоа е целта на Заев е меѓумакедонски судир, сосед со сосед да се закрви и сето само  поради тоа што Заев е исфрустриран долги години во опозиција, рече Пандов.