Македонија

Пандов: Институциите побрзо да почнат процес против Заев за да се спречи мрачното сценарио

Пандов: Институциите побрзо да почнат процес против Заев за да се спречи мрачното сценарио

Правосудните органи, обвинителството уште повеќе да ја сфатат тежината и сценариото кое сакаат овие бандити да го направат во Република Македонија, и час поскоро да почне таа судска постапка и Зоран Заев и тие кои учествувале во тоа сценарио да бидат сместени во институциите во кои треба да бидат сместени.

Ова во вестите на Алфа го истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов кој додаде дека не само што се пресликува сценариото, туку и зачудува моментот како сите чекори се движат во идентично време, како што се случуваа и во 2001-ва година.

-И тогаш почеток на целата афера беше „Големото уво“ и сега истото тоа е направено, но актерите се поинакви. Луѓето од МВР кои го правеле прислушувањето, имињата им се идентични и во 2001-ва и сега, структурите кои медиумски ги поддржуваат- и тогаш беше СОРОС и сега е СОРОС. Целта нивна да ја дестабилизираат безбедносната структура на Македонија се случува сега. Гледаме дека најнападнати луѓе во моментов се министерката за внатрешни работи и директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Нападнат е правосудиот систем, негирани се сите институции, со самото тоа да се ослабне државата и нејзиниот безбедносен систем, а воедно се прави медиумска поддршка за поделба меѓу населението, да се направи расцеп меѓу него, вели аналитичарот Пандов.

https://www.youtube.com/watch?t=22&v=tEDI2pfZNTQ