вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Пандов: Јанева работи тоа што и е диригирано од странски амбасадори и од Заев

Тој вели дека е можно Заев да се има пазарено со материјалите кои нелегално ги поседува.

Пандов: Луѓе кои имаат полни усти со „демократија“ и „слобода на говор“, немаат ништо демократско во нив

Пандов: Луѓе кои имаат полни усти со „демократија“ и „слобода на говор“, немаат ништо демократско во нив

Последни вести

Политичкиот аналитичар Александар Пандов во дебатата на ТВ НОВА вели дека се очекувани резултатите од анкетата кои покажаа дека граѓаните немаат доверба во Катица Јанева.

-Главна материја на Јанева и беа прислушуваните материјали кои требаше да ги поседува само Зоран Заев. Но пред тој да ги предаде, се откри фабриката за афери кога видовме дена и Чауш има 70.000 од тие разговори. Нема да ме чуди ако Заев се има пазарено со тие материјали. Зошто луѓето немаат доверба во Јанева? Јас сум уверен дека таа ниту слушала разговори, ниту тие до неа слушале. Тие се држат само до пакетчињата  кои Заев ги нарекуваше бомби. Тој однесе 6 кутии за чевли таму, а најави 600.000 разговори. Јанева не си ја работи работата, работи тоа што и е диригирано од странски амбасадори и од Зоран Заев. Заев ги најавува работите и се куражи за пред своето членство, рече Пандов.

Најчитани вести