Пандов: Јавното објавување на државни тајни е нарушување на безбедноста

Кога слушаме јавно како се објавува строга тајна за набавка на крајно чувствителна техничка опрема за потребите на МВР, тоа секако дека е нарушување на безбедноста на држава, истакна аналитичарот Александар Пандов.

Пандов потенцира дека тоа воопшто не е во интерес на Република Македонија.

-Тоа секако дека не е во полза на Република Македонија и не се согласувам дека со тоа не е загрозена безбедноста на Македонија. Во моментов Македонија не само што е раскарана, туку од ден на ден, со секоја една бомба паѓаме се пониско и пониско и во очите на странците, смета Пандов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.