Пандов: Луѓето како Заев во учебниците се учат како предавници

Јас сум историчар и во учебниците луѓето како Заев, децата во македонската историја, а верувам и секаде во светот, ги учат како предавници, како луѓе коишто за пари, лични интереси, во даденава ситуација на Заев за да се дојде на власт, запишани се историски со најцрни букви, истакна аналитичарот Александар Пандов во интервју за ТВ Нова.

-Во Македонија и на Балканот отворањето на национални прашања, колку и политичарите што ги отвораат да се демократи, предизвикува тензии, судири, а неретко завршувало и со воени конфликти. Кога Заев говори дека ќе оди преку рамковниот договор, гази преку гробовите на сите што го изгубија животот во воениот конфликт во 2001-та година. Тој вели сега му е мајката да го редефинирал рамковниот договор и да направи чекор понатаму. Лошо е што обидувајќи се да добие албански гласови, Заев пробудува некои националистички страсти, смета Пандов.

Тој додаде дека по негово уверување, Заев можеби ќе успее да добие неколку илјади албански гласови, но сигурно ќе загуби тројно повеќе.

„Тоа е помалиот проблем. Факт е дека без оваа и со оваа кампања Заев ќе беше губитник, но тој направи нешто што по Охридскиот договор го имавме заборавено, а тоа се тие македонско-албански преговарања“, рече Пандов.

Во интервју на ТВ НОВА тој потсети дека во времето на опозицијата во Македонија имаше 38 проценти невработеност, а до 300.000 луѓе беа избркани од работа поради, како што рече, срамната приватизација, но Заев реши и покрај тоа да им даде важност на албанските барања

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.