Пандов: Македонецот повторно е доведен во ситуација да го брани идентитетот, името и државата

Политичкиот аналитичар Александар Пандов истакна дека кумановци секогаш кога се работело за одбрана на татковината застанувале први. Ова тој го посочи на синоќешната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Куманово.

– За жал Македонија сега повторно е нападната овој пат од внатрешен непријател со силна и сериозна поддршка на странски служби, а засилено медиумски со пари на Сорос кои се дадени за ширење на таа непријателска пропаганда. Македонецот повторно е доведен во ситуација да го брани идентитетот, името, својата држава, рече Пандов.

Според Пандов, лидерот на опозицијата Зоран Заев, пак, се обидува да внесе страв и поделба кај Македонецот.

-Сите сме сведоци дека овие неколку дена еден од лидерите на таа коалициска опозиција најотворено со платеник од грчка служба го тргува нашето име, нашиот идентитет, тргува со она што е најсвето на секој еден од нас, посочи Пандов.

Тој порача дека и покрај обидите за поделба, ние сме Македонци и такви ќе останеме.

– На првата прес – конференција првата работа што ја пласира е дека 26.000 граѓани се прислушувани. Досега слушнавме за 10-15, а само да ве постетам на истата прес – конференција тој ја намали таа бројка на 20.000, рече Пандов.