Македонија

Пандов: Македонија е нападната од внатрешни шпиони и предавници

Пандов: Македонија е нападната од внатрешни шпиони и предавници

Политичкиот аналитичар Александар Пандов истакна дека секогаш кога била загрозена безбедноста на Македонија, кавадарчани знаеле да ја изберат вистинската страна и да застанат во одбрана на својата татковина.

Тој ова го посочи на синоќешната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

– За жал, Македонија е повторно нападната, пред се од внатрешни шпиони и предавници во соработка со странска служба и со сериозна поддршка на платениците на СОРОС, рече Пандов.

Тој оцени дека Македонија има среќа што на чело на државата во моментот е премиерот Никола Груевски и дека трибините што ги организираат се доказ дека народот го знае вистинскиот пат.