недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 25

Пандов: Нема да дозволиме да тече македонска крв

Трета вечер по ред ние покажуваме пример како совесни луѓе, луѓе коишто се патриоти, коишто си ја сакаат својата татковина, исто така можат да направат собир, пет-десет пати поголем од опозицискиот, но сето тоа да биде во позитивна атмосфера, со позитивна енергија, со позитивни мисли, со позитивни пораки, објаснува за ТВ Нова политичкиот аналитичар Александар Пандов.

aleksandar-pandov-2-768x432

Поврзани вести

Трета вечер по ред ние покажуваме пример како совесни луѓе, луѓе коишто се патриоти, коишто си ја сакаат својата татковина, исто така можат да направат собир, пет-десет пати поголем од опозицискиот, но сето тоа да биде во позитивна атмосфера, со позитивна енергија, со позитивни мисли, со позитивни пораки, објаснува за ТВ Нова политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Пандов вели дека по обраќањето пред седиштето на СДСМ, планирале да одат и пред собранието, но тоа најверојатно нема да се случи.

Планиравме подоцна да отидеме пред собранието, сепак, можеби заради безбедносни причини, затоа што гледаме дека таму има хулигани, луѓе коишто сакаат и бараат конфликт меѓу граѓаните, Македонец со Македонец да мора да се тепаме, да тече македонска крв, ние тоа нема да им го дозволиме и најверојатно, после ова обраќање тука, ќе се разотидеме, изјави Пандов.

Најчитани вести