Пандов: Опозицијата ги пренесува своите фрустрации и безидејност врз граѓаните

Заев со помош на соросовите платеници, дополнително сега го имаат ангажирано и српскиот, белградскиот канвас на Срѓа Поповиќ. Тие се тие луѓе коишто успеваат сега, со 1000-2000 луѓе излезени на улиците да го блокираат градот Скопје.

Ова во разговор за ТВ Нова го посочува аналитичарот Александар Панов. Тој посочува и дека опозицијата ги пренесува своите фрустрации, очај и безидејност врз останатите граѓани.

Ние гласно протестираме, гласно го артикулираме нашето незадоволство со таквото водење на нивната политика. Ние очекувавме дека Зоран Заев ќе се одважи, ќе ја сфати сериозноста на моментот и дека ќе отиде на политички преговори во Виена. Гледаме дека за несреќа, тоа не се случи. Нема друг пат, единствениот начин за излез од оваа политичка криза е избори на 5 јуни, изјави Пандов.