Пандов: По Бошковски, да видиме Заев за колку го продал името

Јавното обвинителство да ги преземе сите мерки и да овозможи судска разврска за случајот „Пуч“, беше побарано од трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која синоќа се одржа во Гостивар.

Аналитичарот Александар Пандов во своето обраќање подвлече дека „Македонија повторно е нападната, но овој пат одвнатре и оти тоа се предавници кои, како што рече, нé делат по разни основи“.

– Видовме за колку пари Љубе Бошковски го продаде името и идентитетот, но сега да видиме низ судски процес, за колку Заев ни го продал името. Мислам дека наскоро ќе имаме таква прилика, подвлече Пандов.