Пандов: По избирачкиот список, СДСМ ќе најдат друга тема со цел да избегаат од избори

Веќе години наназад македонскиот граѓанин е навикнат на една константа во која СДСМ постојано бега од избори и наоѓа секакви алибија да го направат тоа. За очекување е дека после избирачкиот список ќе најдат некоја друга тема околу која ќе манипулираат, а се со цел бегање од соочување со граѓаните и избори. Сето досега дава за право да очекуваме дека кога ќе се распушти Собранието, тие повторно ќе лелекаат дека за нив пак не постојат идеални услови за избори.

Ова е коментарот на политичкиот аналитичар Александар Пандов во врска со последните случувања и обвинувања од страна на СДСМ и опозициските медиуми поврзани со прочистувањето на избирачкиот список, пренесува „Курир“.

Обвинувањата за избирачкиот список е само една од епизодите кои во последно време ги пласира СДСМ во нивните изговори зошто тие не би можеле да излезат на избори. Сега постои ДИК која е под диригентска палка на СДСМ, МВР кое исто така е под СДСМ и нивна е задачата да се прочисти тој список, иако јас цврсто верувам дека избирачкиот список е во ред. За очекување е дека сега повторно ќе прават галама околу неговото прочистување, но колку што во тек тоа се одвива во најдобар ред. Сето останато е само правење магла, бидејќи ако имаат реални забелешки треба тие да ги посочат, вели Пандов во изјава за Курир.

Тој додава дека македонските гласачи очекуваат во овој период СДСМ да зборува за сосема други теми како намалување на стапката на невработеност, подобрување на инфраструктурата и животиот стандард на граѓаните.