Пандов: По изборите Заев ќе мора да се соочи со сите кривични обвиненија

Пораз на изборите ќе значи дека опозицискиот лидер Зоран Заев ќе мора да се соочи со законот и да одговара за криминалот, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов за Пресс 24.

Според него, тоа е една од причините поради кои Заев бега од изборите и бара нивно одложување на недоглед.

Тој човек е докажан криминалец, има доста криминални дејанија во изминатиов период, доста кривични пријави против него и се додека е претседател на СДСМ тој се чувствува комотно да се однесува онака како што се однесува. После изборите сигурен сум дека и во СДСМ има доволно демократски луѓе кои што ќе го натераат да се повлече од функцијата а во таква ситуација тој ќе мора да се соочи со сите кривични обвиненија кој го теретат и кои што му гарантираат долгорочна затворска казна, вели Пандов.

Според Пандов, СДСМ само во услови на криза може да го заштити својот лидер од законот, а бидејќи во партијата се свесни како стои нивниот рејтинг меѓу граѓаните, прават се, изборите да не се одржат.